ПОЧЕТНА

БИК

Бикот сака да чувствува дека е неопходен, дека неговиот партнер не може без него, како на интелектуален така и на сетилен, физички план. Доаѓа до целта со постојани контакти, на индиректен начин. Може да муабети за се и сешто, на пример за време на некој оброк, а никогаш да не ги допре темите за сензуалноста. Неговата жестока глад ќе биде успешно поделена, Бикот имено смета дека изгледот на една богато поствена софра прави идеален вовед, најкраткиот пат кој води до креветот до посакуваната љубовница или посакуваниот љубовник. Да се јаде, да се голта: телото треба да биде сито, желбата задоволена...


Мажот Бик има високи стандарди во однос на спротивниот пол. Неговата селекција се одвива по принципот “сито и решето”, но заради тоа често му недостасува иницијатива за настап. Но кога ќе се појави онаа вистинската – стрелата од неговото срце ќе се забоде во нејзиното, пред таа и да претпостави дека е тргната кон неа. Бикот е многу стабилен и знае што сака. Свесен е дека времето секогаш работи за него, така што својата вродена, но притаена нетрпеливост, можеби дури и агресивност, вешто ги потиснува во втор план. Затоа во прв план секогаш се неговите убави особини: умилност, ведрина, шарм ... Тајната на неговиот успех е во тоа што умее убаво да се претстави и да остави добар впечаток. Така со леснотија ја заведува и освојува жената која ја сака, дури и ако таа за другите е неосвоива “тврдина”. Затоа секогаш го доживуваат она за кое што сонуваат -сонуваат заедно во пар. А дека таа подоцна ќе разбере и нешто друго за него... па нема многу да и смета тоа, затоа што во меѓувреме го засакала... има и за што...


Жената Бик како никој друг знак од Зодијакот освојува поодмерено, повнимателно, посистематски и поаналитички, но и почувствително, чувствително до бескрај. Таа е суптилна и нежна жена, убава и шармантна, и само ако една нејзина црта, која се вика упорност, не ја премине границата после која се вика тврдоглавост, не постои маж кој може да и одолее. Затоа на жените Бикови им советуваме прецизно да ја дефинираат оваа граница и позади неа – ни чекор! Затоа што, само така ќе останат она што се, а ќе ја имаат онаа особина која е примамлива за машкиот пол што се вика дискретност. Тајната на нивниот успех е во тоа што тие пленат со женственост, а потоа со “пленот” прават што им е по волја. А она што е најважно ТОЈ на тоа се согласува! Затоа што покрај неа тој убаво се чувствува. На другите им преостанува само да им завидуваат на нивното умеење. Но можеби треба, да не даде господ, на нешто да им се обрне внимание: затоа што во оваа тајна најголем удел има нивната едноставност и практичност, постои можност тие сепак да преминат во прозаичност. За почеток жената Бик треба да го поштеди барем од материјалните барања, додека периодот на додворување, романтики и илузии не помине и со него не помине барем некое време заедно. Не треба да ја расипува романсата уште на самиот почеток, затоа што животните прашања сами ќе си дојдат на ред.